Ријана уште еднаш докажа дека е кралица на забавите во неверојатниот костум во кој се појави на годинешниот карневал на Барбадос.

Таа се врати во нејзиното родно место за традиционалниот Kadooment Day фестивал и парада на која се појавува речиси секоја година во ултра секси и уникатни костуми.

Годинешниот беше сличен на оној од минатата година, но овојпат во поинакви нијанси, со дијаманти во пределот на градникот и огромни крилја од пердуви.

Во друштво на нејзините пријатели, таа се забавуваше во текот на целиот ден, додека караванот се движеше низ улиците на Барбадос.

На карневалот се појави и шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон за кого се шпекулира дека е во тајна врска со 27 – годишната пејачка.

Погледнете како се забавуваше Ријана на Барбадос. 

Објавено:
4 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.383 пати