Ријана го собра целото семејство на својот „Дијамантски бал“

15 септември 2017

Со забава под наслов „Диви мисли“ (Wild Thoughts) во средата во Њујорк се одржа третото издание на Дијамантскиот бал на Ријана.

Настанот е во организација на нејзината хуманитарна фондација „Clara Lionel Foundation“, а привлече голем број познати личности. Од Емили Ратајковски, преку Лил Ким, до Бијонсе и Џеј Зи, сите дојдоа да ја поддржат ѕвездата во собирањето на средства, со кои ќе се овозможи подобрување на условите на едукација и здравјето на најранливите категории.

Инаку, ова беше повод на кој дивата го собра најблиското семејство, а меѓу присутните се најде и нејзиниот дедо Лајонел (по него и неговата сопруга, бабата на Ријана е именувана фондацијата).

Присутните имаа можност да посведочат на неколку генерации на семејството на мултиталентираната пејачка, но најмногу внимание привлече најмалиот член, една од внуките на Ријана.

Инаку, кога е модата во прашање, ар-ен-би дивата овој пат погоди во центарот. Се работи за раскошна црна креација на Ралф и Русо, со асиметрична должина и корсет, која одлично ѝ прилега на нејзината нова фигура. Косата е брановидна и пуштена, а изгледот е надополнет со масивен накит.

Од познатите вниманието го привлече и Емили Ратајковски, која се појави со нова фризура, во фустан што ја следи линијата на телото. Бијонсе пак, се одлучи за сатенски фустан на преклоп, а папарацо фотографите забележаа дека носи мидер.

Како изгледа останатите гости, односно дел од нив, погледнете во продолжение.

Ла Ла Ентони

Карди Би

Марта Хант

Петра Немцова

 

 

фото извор: dailymail.co.uk;instyle.com; 

Објавено:
15 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.427 пати