Ријана има важни новости – ќе лансира модна линија во партнерство со групацијата луксузни брендови LVMH!

11 мај 2019

Деновиве се шпекулираше, а конечно вчера и официјално беше потврдена информацијата дека поп ѕвездата Ријана ќе лансира сопствен бренд во рамките на групацијата луксузни брендови LVMH!

Веста официјално ја објави магазинот BOF, каде се вели дека пејачката заедно со LVMH основа моден бред под името Fenty (што не е изненадување со оглед на огромната популарност на веќе постоечкиот нејзин бренд за козметика и долна облека, под истот назив).

Ова меѓудругото е значајна вест и затоа што ова ќе биде првиот моден бренд што се основа, а не купува, во рамките на конгломератот LVMH, од 1987 година кога последен пат тоа се случило со луксузнот бренд Кристијан Лакроа.

Воедно, Ријана се запишува во историјата на модната индустрија и како прва жена која основа свој бренд во рамките на LVMH.

Ready to wear колекциите на Fenty ќе содржат и модни додатоци како чевли, очила за сонце и накит, а првата колекција ќе биде промовирана за многу кратко време, односно кон крајот на мај во Париз.

Со нетрпение ја очекуваме!

 

Објавено:
11 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
983 пати