Ријана како Амелија Ерхарт во 150 – тото издание на Харперс Базар

9 февруари 2017

Ријана е божица во фантастични креации во едиторијалот за јубилејното 150 – то издание на магазинот Харперс Базар.

Популарната музичка ѕвезда во едиторијалот ја прикажува големата Амелија Ерхарт, првата жена пилот која сама летала над Атлантскиот океан.

Ова е дефинитивно еден од најдобрите модни едиторијали на музичката дива која буквално блеска во секоја комбинација составена од парчиња од популарните светски дизајнери.

На една од фотографиите пејачката се наоѓа на врвот од еден прекрасен ретро авион во црвена боја, облечена во секси бела креација со високи бели чизми.

На друга фотографија Ријана носи златна креација на Ралф Лорен со шик палто во иста нијанса и препознатлива авијатичарска капа и очила.

Една од најдобрите фотографии е дефинитивно онаа кога таа чекори заедно со неколку момци во позадината и гледа на часовникот облечена во широки зелени панталони и бела кошула.

„Има нешто вистински специјално во жена која што доминира во машки свет. За тоа е потребна грациозност, сила, интелигенција и храброст никогаш да не кажеш не“, напиша пејачката под објавените фотографии на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа додава дека Амелија Ерхарт била неверојатна динамична сила во индустријата во која работела, поставувајќи многу значајни рекорди во нејзиното време.

„Воопшто не размислував кога тимот на Харперс Базар ме повика да бидам дел од едиторијалот во чест на жената која остана своја покрај големите момци“, додаде таа.

Како што и самата Амелија била позната по интересните модни комбинации во тоа време, Ријана одлично ја претстави со внимателно одбраните дизајнерски парчиња кои и прилегаат навистина одлично.

Објавено:
9 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
259 пати