Ријана ќе биде домаќин на следната МЕТ Гала

10 ноември 2017

По информацијата за темата на МЕТ Галата за 2018, која ќе се занимава со односот мода-религија (поточно католицизам), пристигна и информацијата за тоа кои ќе бидат годинешните домаќини.

Се работи за моќна, женска тројка – Ријана, Амал Клуни и Донатела Версаче.

Мет Гала 2016

Како некој што речиси секоја МЕТ Гала е прогласувана за најдобро облечена личност во однос со темата, Ријана не беше големо изненадување, напротив, беше прашање на време кога ќе биде повикана за оваа улога.

Донатела Версаче е логичен избор, ако се земе предвид дека брендот „Версаче“ во бројни свои колекции ја применувал темата која ќе биде актуелна на МЕТ Галата.

МЕТ Гала 2015

Изненадување е Амал Клуни. Многумина очекуваа на нејзино место да ја видат Мадона, која всушност на врската мода-религија го изгради својот имиџ.

За потсетување, МЕТ Галата се одржува секоја година во првиот викенд од месец мај.

Објавено:
10 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
165 пати