Ријана новата декада ја почнува со моден хит – нова колекција која зборува во име на различните

8 февруари 2020

Откако влезе и во модниот бизнис, Ријана дефинитивно со себе донесе нова динамика и различност во концептот на современата индустрија.

Сега, на почетокот на новата декада го продолжува темпото со залет стартувајќи со нова колекција Fenty 2-20 која ја надоградува нејзината идеја за неконвенционален пристап кон модниот дизајн.

Во промоцијата на колекцијата се вклучени модели кои со својот животен стил и приказна повторно се одраз на различност: активисти, поети, новинари, артисти...

Тие се нејзините гласноговорници за слободата која е интерпретирана преку модниот дизајн.

Колекцијата вклучува 14 изгледи базирани на урбаната естетика на улицата – предимензионирани кроеви, комбинација на џинс, плетива, кожа, во колорит што опфаќа нијанси на портокалова, милитари зелена, жолта, црва, бела и беж нијанси.

 

Од 6. февруари колекцијата е достапна и во онлајн продажба.

Фото: Daily mail, Harper's Bazaar

Објавено:
8 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.115 пати