Рис Витерспун за Вог: Многу е важно жените сами да заработуваат

11 јануари 2019

Рис Витерспун е дефинитивно жена со многу таленти. Покрај тоа што е продуцент и дел од најпопуларната серија на HBO, „Big Little Lies“, таа има своја продуцентска компанија преку која се бори да ангажира што е можно повеќе жени во претстојните проекти.

Токму за тоа говори и во нејзиното последно интервју за модниот магазин Вог каде се појавува заедно со нејзината мајка и ќерка кои изгледаат прекрасно.

Трите дами се облечени во црно - бели комбинации со минимална шминка, а дел од фотосесијата за магазинот се и нејзините колешки од компанијата и други соработници за кои ќе каже дека не може ниту еден ден.

Во интервјуто таа говори за нејзиното детство, за тоа колку била бунтовна и колку и било важно секогаш сите да ја знаат вистината, поради што и често била казнувана бидејќи ја критикувала работата на професорите.

Таа говори и за тоа колку голема улога во животот имала нејзината мајка која инаку е медицинска сестра во гинеколошка болница.

„Се сеќавам дека секогаш и се восхитував на мајка ми, поради тоа каква жена беше и поради она што го работеше. Таа секогаш имаше позитивен став околу сè, секогаш се смееше, секогаш знаеше да каже некоја шега и имаше многу пријатели. Таа едноставно ги сакаше жените со кои работеше“, посочува актерката во интервјуто во кое говори за улогата на жените во општеството и колку истото треба да се промени.

Токму нејзината мајка и ставот што таа го имала кон работата ја натерал да биде исклучително вредна и да научи сама да си ги заработи парите и да сфати колку всушност тоа е важно за една жена.

Многумина ова го поврзаа со тоа што нејзиниот татко многу често не бил со семејството и имал проблеми со алкохолот и парите, но таа ништо не потврди, туку посочи дека еден ден ќе напише книга во која ќе ја раскаже целата приказна.

Токму тоа е и поентата на целото интервју и она што оваа актерка сака да ѝ го пренесе на нејзината ќерка, колку е всушност важно жените да се независни од секој аспект.

Истото таа го докажува и со ангажирањето на популарните актерки Никол Кидман, Шајлин Вудли, Зои Кравиц во серијата „Big Little Lies“ која денеска е една од најпопуларните на HBO, а сите се во исчекување на втората сезона.

„Имам многу пријателки и многу лични искуства со жени кои ми раскажувале дека се исплашени да направат било какви избори во животот, поради проблеми со финансиите. А никогаш нема да се чувствувате слободно, ако го немате тоа“, вели актерката, мислејќи на тоа дека жените се доволно способни сами да заработуваат.

Инфо и фото: Vogue.com, US Weekly

Објавено:
11 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.192 пати