Рита Морено ги освои сите со истиот фустан од 1962 година

5 март 2018

Осумдесетишест годишната актерка Рита Морено беше дел од синоќешното издание на „Оскарите“. Таа се појави во улога на презентер, а уште додека траеше преносот од црвениот килим, успеа да ги освои сите симпатии и да направи сите да зборуваат за неа.

Имено, таа на 90-тото издание на престижните филмски награди се појави во истата креација што ја носеше на „Оскарите“ во 1962 година, кога воедно го доби и Оскарот за најдобра женска улога во остварувањето „West Side Story“.

Инаку, нејзиниот говор е и најкраткиот во историјата на „Оскарите“, траел само 15 секунди и гласи: „О Боже. Не ми се верува. И тука ќе завршам“.

„Немав поим дека ќе победам. Бев сигурна дека тоа ќе биде Џуди Герланд за „Judgment at Nuremberg“. Но, за секој случај од Манила дојдов до Филипините, каде што е сошиен и фустанот што го носев тогаш, а го носам и сега, само малку преправен. Не ми се верува дека го носам. Единствената преправка е околувратникот и тоа што горниот дел е сега топ“, објаснува актерката, пејачка и танчерка.

Дури и ракавиците што ги носи се истите од 1962 година. Фустанот го чувала речиси шест децении.

„Стоеше во мојот гардеробер цело време“.

Таа придонесе кон шоуто со својата појава и позитивна енергија, па многумина коментираа дека креацијата сега ѝ стои уште подобро од таа 1962 година.

Што мислите вие?

Објавено:
5 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.102 пати