Рита Ора: Порано продавав патики на Адидас а сега ги рекламирам

20 мај 2014

Првата женска соработничка на култниот спортски бренд  Адидас е 23 годишната пејачка Рита Ора. Таа не ја криеше возбудата за најновиот ангажман и се пофали на својот Твитер профил облечена во јакна од етикетата.

-Јас сум голем обожавател на Адидас. Пораснав работејќи во продавница за патики кога имав 16 години. Голем фан сум на спортска опрема, а особено ми претставува задоволство дека ќе го претставувам брендот што некогаш го продавав, открива Рита и додава дека Адидас и се опсесија подолг период.

-Ги проучував сите нивни модели од изминатите 50 години. Пред да почнам да го правам тоа сакав да се запознам со раководството. Имав среќа да настапувам на ниваната божиќна забава и таму ги запознав сите. Оттогаш,  па  до сега се среќаваме секоја втора недела на петчасовен состанок, дополнува пејачката.

Засега објавено е дека Рита Ора треба да лансира пет различни капсулни колекции, првата е насловена „Black line“, а ќе биде објавена на 21-ви август, втората е „Pastel range“ и „Colourblock Pack“ , која ќе осамне на 4-ти септември, „Rose and Spray“ линија за во месец  ноември. Освен спортските парчиња облека капсулните колекции ќе вклучуваат и аксесоари.

Дизајн директорката на Адидас, Џозефин Аберг објаснува зошто одлучиле да соработуваат со Рита.

-Таа е неверојатна личност, позитивна и урбана. Има одличен вкус за миксање на облеката пред се на оние улични стајлинзи. Пред се важно ни е што таа го обожава Адидас, завршува Аберг.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Актуел