Ривер Феникс - бунтовник без причина

2 ноември 2017

Поминаа 24 години од смртта предизвикана од прекумерена доза на хероин, на еден од најубавите актери, Ривер Феникс.

Сите го поистоветуваа со бунтовникот без причина Џејмс Дин, но никој не го заборави неговиот талент.

Она по што се издвојуваше од својата генерација беше и неговиот лежерен стил во однос на облекувањето. Тоа што можеби сите тинејџери го посакуваа, беше за изгледаат токму како него.

Израснат во хипи комуна, го каракетризираше неговиот слободен ум. Таков беше и во неговиот актерски израз пред камери, а позади камерите беше обожуван од плејада негови врсници, актери: Џони Деп, Леонардо Ди Каприо, Џејмс Франко... Тој почина во клубот на Џони Деп „Viper Room“ во 1993 година. После тоа, Џони Деп го продаде локалот.

Објавено:
2 ноември 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
411 пати