Романтична бела кошула со масивна панделка е летниот моден хит

17 мај 2019

Масивните панделки се моден детаљ што ова лето ќе го освојува вниманието.

Стилизирани во различни естетски целини, панделките ќе донесат романтична нота во нашиот летен изглед.
Нашиот омилен избор е оваа романтична бела кошула, со масивна панделка околу вратот, дизајн на модниот бренд Елена Лука.

Со овој детаљ се постигнува шик, исклучително стилски ефект, а дополнително впечатливи се и волуменозните, транспарентни ракави.

Авангардно дизајнерско парче што ќе му даде посебен стилски акцент на секој аутфит.

Кошулата е во продажба во ателјето на Елена Лука во Скопје.

 

Објавено:
17 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.550 пати