Розови фустани од „Проновиас“ за поддршка на жените заболени од рак на дојка

2 октомври 2019

Шпанскиот бренд „Проновиас“ вчера ја промориаше новата колекција #PronoviasPink. Се работи за вечерни фустани во розова боја, а во контекст на октомври, месецот за ширење на свесноста за ракот на дојка.

Од брендот велат дека со секој порачан фустан од оваа колекција, тие стопроцентно ќе ја донираат сумата од продажбата на организацијата „Future Dreams“, со што ќе им бидат поддршка на сите жени кои ја водат борбата со ракот.

Воедно, ги повикаа сите да се вклучат во оваа акција.

„Сметаме дека поддршката и охрабрувањето на жените да се прегледаат, да се шири свесноста за оваа болест, како и жените генерално да бидат во добро здравје е клучната работа во нашата мисија да го направиме светот подобро и посреќно место за живеење“, велат од брендот.

Во продолжение, погледнете ја колекцијата:

Објавено:
2 октомври 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
385 пати