Доколку денеска имавте можност да го посетите седмото по ред издание на традиционалниот Саем за венчавки ќе видевте огромен број насмеани млади луѓе во потрага по совршените детали за нивната претстојна венчавка.

Девојките како и секогаш, со воодушевување го одбираат совршениот модел на венчаница за кој мечтаеле долги години, а сега конечно можат да ја реализираат својата желба.

Седмото по ред издание на Саемот за венчавки засега се покажува како навистина успешно, судејќи според големата посетеност на која бевме сведоци денеска.

Покрај венчаници, младите двојки можат да најдат буквално сѐ што е потребно за една церемонија да биде совршена, почнувајќи од украси, па сѐ до осветлување, фотографија, торти и што уште не.

На штандот на модната куќа Елена Лука каде од утринава има огромна посетеност, девојките можат да одберат од големиот број разни модели на венчаници од новата колекција за пролет/лето 2017, но и да добијат многу совети од дизајнерите и вработените.

Покрај уникатните и стилски венчаници, од модната куќа нудат и навистина посебни, рачно изработени украси за на глава кои претстојната сезона ќе бидат вистински хит.

Девојките кои ќе се одлучат да купат венчаница од Елена Лука за време на трите саемски денови, ќе добијат специјален ваучер во вредност од 6.000 денари.

Според она што можевме да го забележиме, девојките сѐ уште најмногу се воодушевени од оние уникатни, магични венчаници во кои се чувствуваат посебно, а на кои секако има умерена доза светки или рачно везени кристали.

Покрај модните куќи, и годинава дел од саемот се многу излагачи кои нудат вистински раскош од разни детали, цветни аранжмани, слатки задоволства за најубавиот ден, како и избор на фото – студио.

Се чини дека винтиџ стилот ќе биде хит и следнава сезона на венчавки, судејќи според деталите што ги нудеа брендовите за украсување, меѓу кои и интересни бонбончиња, уникатни покани и разни китенки.

Што се однесува до боите кај украсувањето, на речиси сите штандови можевме да видиме претежно светли бои меѓу кои и секогаш задолжителната бела, крем, кафена, пудра розова, но изненади и употребата на јаката сина боја како тренд кој се чини може да го очекуваме во претстојната сезона.

Како и секогаш, цветните аранжмани се нешто без што не може да се замисли ниту една венчавка, па така и на ова издание на Саемот за венчавки можевме да видиме фасцинантни креации од цвеќиња кои предизвикаа воодушевување кај присутните.

Доколку сѐ уште немавте можност да го посетите, задолжително направете го тоа денеска или утре на последниот саемски ден. За потсетување, ова се годинешните изложувачи кои се дел од седмото издание на Саемот за венчавки: Mодната куќа Елена Лука, Mcouture by Mila Kadriu, Антонија Ристовска, Модна куќа Биљана, Атеље JZJ, Атеље за венчаници Пепика, Bianka Sposa, Атеље Матра, Драма Брајдл, Елизабет Дизајн,машка мода Сињори, Фешн тримс Дандел,Italian style by Tives, Цептер, Casamento, Fancy Marriage, Декорации Висаж, цветни декорации Грација, Дуни, Ава Атеље, Ла Фере,Ботега, Мирор ме фото студио,Фото Бут , продукција за свадбена кинематографија Баба3д, фото Ивама, Тајмлес фото, Палашев фото и свадбени букови, свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, покани за свадба, , ресторан Амор, , ресторан Александар Палас, ексклузивен накит од Нина Бокс, накит Олимпија кетеринг Гала Кујна, винарија Филовски и др.

Објавено:
18 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.199 пати