Сцената на „Оскарите 2018“ ќе биде украсена со 45 милиони кристали

1 март 2018

Подготовките за 90-тото издание на „Оскарите“ веќе одамна се во тек, а магазинот „Architectual Digest“ откри како ќе изгледа сцената.

За тоа е задолжен Дерек Меклејн, а првите коментари се дека овој пат се надминал себеси. Тој веќе шест години по ред го осмислува изгледот на сцената на престижната манифестација, а за својата работа досега бил награден со „Еми“ и „Тони“ награди.

Со оглед дека се работи за јубилејно, 90-то издание, тој се погрижи да создаде нешто спектакуларно, ново и нешто за што долго ќе се зборува.

За разлика од минатата, кога уфрли елементи од Арт-деко правецот, оваа година апстракцијата е во фокус.

„Повеќе се работи за рефлексијата и светлоста, отколку за некој конкретен период. Сметам дека тоа што го направив е модерно и нешто што гледа кон иднината, а не кон минатото“, вели дизајнерот.

Лакот кој се протега на предниот дел од сцената, пред завесата е сосема нов дизајн и воедно, омилениот елемент на Меклејн.

„Потсетува на скулптура направена од скршено стакло“, објаснува Дерек, кој додава дека кога продуцентите Мајк Де Лука и Џенифер Тод го побарале повторно оваа година, предниот дел од сцената бил првиот што го осмислил и им го предложил.

Резултатот ќе биде спектакуларна сцена, декорирана со дури 45 милиони Сваровски кристали. За споредба, минатата година во тој дел од сцената имаше околу 30.000 кристали.

Во внатрешноста на сцената ќе има други фигури, односно се работи за дводимензионални форми, инспирирани од гламурозната историја на Холивуд.

„Овие огледални сводови имаат нота од Холивуд, а средишните фигури ќе имаат нота на Египетски Арт Деко.

На сцената ќе има и огромни кристални лустери, а елементите ќе бидат видливи и на огромните ЛЕД екрани зад сцената.

Објавено:
1 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
439 пати
Извор: 
architecturaldigest.com