Сè е подготвено за концертот на Лозано!

15 март 2019

На денешната средба со медиумите, во организација на „Авалон Продукција“ која стои и зад организацијата на концертот, пејачот Влатко Лозаноски откри дека сè е подготвено за добра забава на 23.03.

„Пробите се во тек и сè е подготвено за следната сабота. Со мене, како што веќе е познато, на сцената ќе се појават и „Некст тајм“ и Магдалена Цветковска“, вели Лозано.

Со нив ќе испее и дуетски нумери, но како ќе изгледа и за кои песни се работи, остави да биде изненадување.

Публиката во сабота ќе има можност да се забавува со дел од неговите најголеми хитови „Мандарина“, „Јако јако“, „Сонце не ме грее“, „Надеж“ и многу други.

Овој концерт е всушност заокружување на десетгодишната кариера на пејачот, а на концертот ќе се слушне и новата песна „Мајко“, која ги руши рекордите на гледаност.

„Се надевам дека во сабота сите ќе пееме заедно и ќе си поминеме одлично“, рече Влатко.

За потсетување, оние што сакаат да присуствуваат на концертот, а сè уште не ги набавиле своите влезници, тоа можат да го сторат тоа онлајн, преку продажната мрежа на „Авалон“, како и онлајн на линкот ТУКА.

Објавено:
15 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
373 пати