Се пензионира Ралф Лорен

30 септември 2015

Но, не сосема. Американскот дизајнер се повлекува од местото на главен извршен директор на неговиот бренд и како вели во официјалната изјава, на тоа место го поставува Стефан Ларсон. Ова е прва голема промена во американската модна куќа која Лорен ја основаше пред 48 години.

Но, тоа не значи дека се повлекува комплетно.  Тој и понатаму ќе ја врши должноста на извршен претседател и главен креативен директор, така што и понатаму сите „конци“ тој ќе ги влече.

Доаѓањето на Ларсен се очекува да го подобри профитот на модната куќа, со оглед дека долго време беше на чело на брендовите Old Navy и H&M.

Уличниот бренд под водство на Стефан го зголеми профитот за дури 300 проценти. Паралелно со тоа, H&M од 13 земји, го рашири синџирот на продавници во дури 44.

Што ќе направи Ларсен за Лорен останува да видиме.

Објавено:
30 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
336 пати