Се продава „Недојдија“ на Мајкл Џексон

5 август 2014

Забавниот ранч на легендарниот Мајкл Џексон се продава за 22 милиони евра, пренесуваат странските медиуми.

После смртта на пејачот, инвеститорскиот фонд Колони Капитал го доби правото на користење на ранчот „Недојдија“ (Neverland) во Санта Барбара. Фондот одлучи да го продаде имотот од 1.400 хектари, затоа што за негово одржување е потребно повеќе од 4 милиони евра.

Неколку ѕвезди досега, меѓу кои Лејди Гага и Џастин Бибер се интересираа да го купат овој популарен имот, но на крајот кој ќе биде сопственикот, останува да видиме.

the-pinnacle-list-tpl

Инаку, Мајкл Џексон почина на 25.јуни 2009 година во 51-вата година од животот, поради прекумерна доза на силен анестетик, што му го препишал неговиот доктор, Конрад Мари. Пропофол во болниците се дава преку инјекции за комплетна анестезија, а поп-легендата го земала лекот поради несоница.

Во продолжение потсетете се како излгедаше ова огромно и луксузно здание:

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Актуел