Се разделуваат 2Cellos

30 октомври 2018

Пред само неколку денови познатото дуо 2Cellos имаше одличен концерт во Скопје, а непосредно пред тоа го објавија и новиот албум „Let the be Cello“ за викендов да објават дека се разделуваат.

„Тоа беше лудо. Животот, ритамот и темпото нè убиваа. Едноставно претеравме. Имавме повеќе од 200 летови годишно, постојано на концерти, патувавме по сите континенти, снимавме. Едноставно, мораме да се оддалечиме малку од тоа“, изјави Стјепан Хаусер за Rtl.Exkluziv.

Тој додаде и дека сака во животот да се посвети на други работи и малку да се дистанцира за да одмори од сè.

„Кога ќе си дојдеме при себе, ако воопшто дојдеме, можеме да продолжиме“, изјави тој.

Сосема очекувано, веста ги шокираше нивните обожаватели кои имаа голем број неодговорени прашања и сите останаа во шок.

Она што е познато засега и што е потврдено е дека тие ќе ја завршат нивната австралиска и американска турнеја, по што ќе ја направат најавената пауза.

Медиумите пишуваат дека Стјепан можеби подготвува соло кариера, додека Лука сака да му се посвети на семејството и малото синче кое го доби неодамна со неговата сопруга Тамара. 

 
 
 
View this post on Instagram

Happy Birthday to our wonderful mom, loving wife and fantastic human being. yours V & L #family

A post shared by LUKA ŠULIĆ (@lukasulicworld) onOct 1, 2018 at 1:26pm PDT

 

Имено, момците неодамна можевме да ги видиме и во новата кампања за брендот s.Oliver за сезоната есен/зима 2018 во која изгледаат одлично.

Извор: Buro 24/7, Tabloid RTL HR, Miss 7

Фото: Марко Грубишиќ, Buro 24.7, Instagram

 

Објавено:
30 октомври 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
590 пати