Се роди новото кралско бебе!

23 април 2018

Војвотката Кејт Мидлтон пред малку роди здраво машко бебе во приватниот дел на болницата Сент Мери во Лондон, пишува Дејли Мејл.

Како и за другите две деца, пред болницата се собраа најверните обожаватели на кралското семејство кои со воодушевување ја дочекаа веста за раѓањето на новиот член на кралското семејство.

Помладиот брат на принцезата Шарлот и принцот Џорџ е петти во ред за кралскиот трон, а шести правнук на кралицата Елизабета која изминатиот викенд го прослави 92 роденден.

„Нејзиното височество, војвотката од Кембриџ во 11 часот на свет донесе здраво машко бебе тешко 3.8 килограми. На раѓањето присуствуваше и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам. Целото кралско семејство со радост ги прими вестите за раѓањето на бебето и не можат да бидат посреќни“, се вели во официјалното соопштение од палатата Кенсингтон.

Пред болницата Сент Мери се собира толпа луѓе кои очекуваат наскоро и да го видат малиот принц.

Извор и фото: Дејли Мејл

 

Објавено:
23 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.096 пати