Се сретнаа Ријана и Брижит Макрон

28 јули 2017

Главна вест во светските медиуми изминативе 24 часа е средбата помеѓу Ријана и првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Причината е хуманитарната работа на Ријана, односно нејзината непрофитна организација „Clara Lionel“, која финансира образовни и здравсвтвени програми за сиромашните заедници ширум светот.

Покната за Ријана во Елисејската палата дојде по твитот од минатиот месец, кога пејачката побара од францускиот претседател Емануел Макрон да придонесе и учествува во развивањето на работата на фондот.

Брижит Макрон ја пречека на влезот од Елисејската палата, а нивните модни комбинации денес беа предмет на разговор во сите светски магазини.

Брижит се одлучи за џинс во комбинација со бела маица и елегантно палто, инспирирано од модата на 1960-тите од брендот „Луј Витон“ и темносини салонки.

Ријана пак, повторно се одлучи за предимензионирана комбинација. Сивиот комбинезон е од модната куќа „Селин“, а го комбинираше со црн, исто така, предимензиониран блејзер. Комбинацијата ја дополни со мала чанта од „Диор“ и сиви металик сандали на висока потпетица.

Во текот на посетата, пејачката се сретна и со францускиот претседател, каде разговараа за подобрувањето на образованието на глобално ниво и за работата на „Clara Lionel“.

Инаку, на Ријана годинава ѝ беше доделена и награда од универзитетот „Харвард“ за „хуманитарец на годината“. 

фото извор: Dailymail.co.uk; people.com;

Објавено:
28 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
670 пати