Сè уште најдобра: Синди Крафорд во кампања за Acne

2 октомври 2018

Иако изјави дека се повлекува од модниот свет, Синди Крафорд сè уште е баран модел. Доказ за тоа е и нејзиното појавување во најновата есенска кампања на брендот Acne.

Фотографиите се направени во Тексас, а зад нив се потпишѕва Сем Абел. Синди се појавува пак во ранч комбинации, каде доминираат тексас, кожени јакни, шапки и каубојски чизми.

Креативниот директор на брендот Џони Џонасон изјави дека инспирацијата му била токму манекенката.

Погледнете ги фотографиите:

Објавено:
2 октомври 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
310 пати