Се затвора Sonia by Sonia Rykiel и детската линија на Соња Рикел

28 октомври 2016

Француската модна куќа Соња Рикел реши да ја затвори својата втора, трендовска линија Sonia by Sonia Rykiel, како и детската линија, како резултат на финансиски проблеми.

Како што пренесува The Irish Times, оваа одлука подразбира дека половина од 300 вработени во фирмата ќе добијат отказ во почетокот на следната година.

Овие две линии на почитуваниот француски бренд, со години работеле со загуба, па затоа инвеститорот Fung Brands од Хонг Конг пристапил кон ова непопуларно решение.

Како последица на овој радикален чекор, се очекува дека ќе се редуцира за 25% и персоналот во базичниот бренд.

Инаку дизајнерката која го основаше брендот, Соња Рикел, почина во август годинава, на 86-годишна возраст.

Објавено:
28 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
102 пати