Сексапилната Рита Ора на насловната страна на Cosmopоlitan за декември 2014

29 октомври 2014

Русокосата пејачка Рита Ора ќе ја краси насловната страница на магазинот Cosmopоlitan за месец декември. Одговорните во списанието одлучија Ора да биде црешка на шлагот со кој ќе ја заокружат успешната 2014 година. Пејачката позира во костим за капење во комбинација со светкава јакна, исправени разлетани прамени коса и впечатлив црвен кармин. Фотографот Матијас Бриенс – Мекграт успеа да ја зароби русокосата убавица во фотографски рамки чиј фокус е сексапилот и провокативниот изглед на пејачката.

Во своето интервју за магазинот, пејачката открива дека воопшто не се срами да ја изрази својата сексуалност.

„Јас гордо кажувам дека мислам на секс. Всушност сите мислат на тоа, без разлика дали имаат храброст да го каат јавно или не. За мене сексот е форма на спознавање една друга личност, да се почувствува нечија друга кожа“, открива музичката ѕвезда.

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Актуел