Селин Дион ja изненади јавноста – издание во кое не сме ја виделе досега

5 јули 2017

Париското издание на магазинот Вог на својот Инстаграм профил вчера објави фотографија од Селин Дион која беше големо изненадување за сите со оглед на тоа дека е во издание во какво не сме навикнале да ја гледаме.

Имено, се работи за фотографија на која музичката легенда е целосно гола и е фотографирана во нејзиниот гардеробер во период помеѓу две ревии за време на Неделата на висока мода во Париз.

 

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine) onJul 3, 2017 at 10:25pm PDT

49-годишната Дион изгледа совршено и очигледно е во одлична физичка форма.

Таа целосно го трансформираше нејзиниот имиџ благодарение на стилистот Ло Роах, кој буквално од неа направи вистинска модна икона.

На актуелната Недела на висока мода во Париз, Дион е гостинка на повеќе модни ревии и секако секое нејзино појавување ново стилско доживување.

Getty images

 

Објавено:
5 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.153 пати