Селин Дион ќе лансира свој бренд

11 јуни 2016

Пејачката Селин Дион сака да ја прошири својата заработка и граница на дејствување, па како пренесува магазинот „Ел“ ќе лансира лајфстајл линија.

Тоа значи, дека нејзините обожаватели ќе можат да си купат облека, модни додатоци, козметика и мебел.

Линијата за сега нема име, па неофицијално ја нарекуваат „Селин Дион“.

-Во денешниот свет, ви треба координиран и постојан брендиран пристап до сѐ. На глобално ниво, уметниците имаат потреба да ги комбинираат областите во кои ќе дејствуваат – нивната музика, изведба, турнеи, сајтови, социјални медиуми – и лансирање на лајфстајл бренд беше природно проширување на она што Селин го работи, во овој момент од нејзината кариера, особено бидејќи сѐ ќе биде произведено според нејзиното гледиште – вели Дел Фурано за магазинот „Билборд“, извршен директор на „Епик Рајтс“, компанијата со која Дион ќе влезе во партнерство.

Производите ќе почнат да се работат следната есен, почнувајќи со облека за вежбање, модни додатоци, очила за сонце, козметика и производи за патување. После тоа, во наредните три години, постепено ќе ги пласираат новите производи.

Објавено:
11 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
222 пати