Сем Смит фаворит на претстојните BRIT Awards

19 јануари 2015

Претстојната манифестација BRIT Awards, која ќе се одржи на 25 февруари се чини дека ќе бидат во знакот на 22 – годишниот Британец Сем Смит. Музичарот ќе се бори за победа дури во пет категории: Најдобар изведувач, Најдобар албум, Откритие на годината, Најдобар музичко видео и Најдобра песна. Минатата година младиот и шармантен Смит победи во категоријата: Избор на критиката.

За наградата најдобар британски изведувач ќе се натпреваруваат Лили Ален и Џеси Вер. Во категоријата најдобра група се најдоа имињата на: Coldplay, One Direction, Alt-J, Clean Bandit и  Royal Blood. Помеѓу другото во категоријата: Најдобар интернационален музички уметник, публиката типува на имињата на Фарел Вилијамс и Џон Легенд, додека во категоријата за: Најдобар интернационален музички изведувач силите ќе ги измерат Бијонсе, Лана Дел Реј, Сија, Тејлор Свифт и Сент Винсент.

Објавено:
19 јануари 2015
Категорија: 
Актуел