Семејното стебло на култната Луј Витон чанта

13 декември 2013

Семејната историја на еволуцијата на чантата Луј Витон

 

Модниот бренд Луј Витон има многу свои обожаватели во светот. Француската модна куќа со оглед на популарноста и долгите години работно искуство, секогаш умее да  изненади со оригинални идеи, проекти, иницијативи и модни креации како во поглед на облеката, така и за модните додатоци. Новиот проект на Луј Витон е книга што ја раскажува историјата на култната чанта и целиот процес на нејзиното производство и трансформации низ годините, преку визиите што ги имале членовите на семејството. Почнувајќи од вистинските основачи на оваа модна куќа, преку правење на паралела за тоа како изгледала првата чанта која била изработена. Токму првиот дизајн бил од дрво, што е асоцијација на пра-бабите и дедовците, трансформацијата во крути куфери изработени од дрво, восок и ткаенина, се препишуваат на бабата, додека  елегантните култни Луј Витон чанти го означуваат векот на мајките, а пак лимитираните колекции  го носат потписот на ќерките. На 400 страници, секој член со свое поглавје, секоја чанта со своја историја и традиција. Книгата на пазарот ќе ја пласира издавачката куќа Рицоли.

 

Кетрин Денев

 

Дизајни на Мартин Руперт

 

Морфолошкиот аспект на развојот на моделите

 

Морфолошкиот аспект на развојот на моделите

 

Анатомска шема на култната чанта

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Актуел