Семејствата Бекам и Клуни – елегантни гости на кралската венчавка

19 мај 2018

Еуфоријата околу целата венчална церемонија во кралското семејство, се однесува меѓу другото и на гостите што ќе присуствуваат на настанот што влегува во историјата на кралското семејство.

Покрај Меган Маркл која заедно со Принцот Хари се централните фигури на настанот, сепак големо внимание привлекуваат и нивните одбрани гости.

Низ светските медиуми веќе се објавуваат првите фотографии од гостите што веќе пристигнаа на венчавката, а меѓу нив и Дејвид и Викторија Бекам и Џорџ и Амал Клуни.

Со оглед на тоа дека овие двојки важат за едни од најдобро облечените парови во шоу бизнисот, сосема очекувано дека и за оваа пригода ќе бидат на врвот од листата на најдобро облечените.

Ова се првите фотографии објавени од нивното пристигнување.

Извор: Daily mail

 

Објавено:
19 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.712 пати