Серена Вилијамс е бремена со првото дете!

20 април 2017

Се чини дека оваа година се случува вистински ѕвезден бејби бум, со оглед на тоа што не поминува ниту еден ден, а да не се случи некоја објава за бременост.

Доколку во текот на вчерашниот ден имавте можност да поминете малку време на социјалните мрежи, тогаш сигурно ја видовте објавата на светски познатата тенисерка Серена Вилијамс која со фотографија соопшти дека е 20 недели бремена.

Инаку, таа веќе подолго време е свршена со ко – основачот на познатата социјална мрежа Reddit, Алексис Оханан.

На фотографијата можеме да ја видиме тенисерката во жолт едноделен костим за капење и слатко трудничко стомаче, со појаснување дека е во 20 – тата недела од бременоста.

Она што е навистина интересно е тоа што според нејзината објава, таа била осум недели бремена кога ја освои 23 – тата по ред Гренд Слем титула на финалето на Австралија Опен.

Со оваа титула, таа повторно се врати на првото место и стана најстарата тенисерка што во историјата освоила Гренд Слем.

Веста за бременоста ја потврди и нејзината портпаролка Кели Буш Новак, која соопшти дека сите се многу среќни и дека бебето треба да пристигне оваа есен.

Нејзиното момче ја побара за жена во декември, по 15 месеци врска, со блескав дијамантски прстен кој таа го покажа на социјалните мрежи.

„Тој е едноставно неверојатен, тој е многу добра личност. Со сите се однесува исто, а тоа денеска е реткост. Тоа е нешто што е навистина убаво да се види“, изјави тенисерката за нејзиниот иден сопруг.

Објавено:
20 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
567 пати