Серена Вилијамс роди девојче!

2 септември 2017

Тенисерката Серена Вилијамс во средата роди девојче, тешко 3 килограми и 90 грама. Светските медиуми веста ја објавија доцна вчеравечер.

Спортската ѕвезда се породи во клиника во Флорида, а мајката и бебето се чувствуваат добро.

фото извор: Vogue.com

Нејзината сестра Венус дозна за вестите непосредно пред да излезе на терен, на актуелниот турнир, последен за годинва, „Ју-Ес Опен“.

-Очигледно сум премногу возбудена. Не се опишува со зборови – изјави Венус.

фото извор: vanityfair.com

Јавноста дозна за бременоста на Серена во април годинава, откако таа по грешка стави фотографија на „Снепчет“. Оттогаш, па сè до породувањето, добиваше максимална поддршка од своите обожаватели, како и од свршеникот Алекс Оханиан.

фото извор: vanityfair.com

За потсетување, Алекс ја побара Серена за жена во декември минатата година, во ресторанот каде што се запознаа.

Тениската ѕвезда се надева дека ќе успее да се врати на теренот за три месеца и да биде дел од турнирот „Аустралијан Опен“, што се одржува во јануари.

фото извор: Vogue.com

Инаку, Серена ја победи сестра си Венус на последниот „Аустралијан Опен“ во финалето, а веќе тогаш беше неколку недели бремена.

Честитките пристигнуваат од сите страни, а меѓу првите беа од нејзиниот тренер и од колегата Рафаел Надал.

Објавено:
2 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
505 пати