Серена Вилијамс секси во фотосесија за Sports Illustrated

16 февруари 2017

Серена Вилијамс се враќа со фотосесија за магазинот Sports Illustrated, овој пат посекси од кога и да е!

На фотографиите можеме да ја видиме во секси костими за капење фотографирана на прекрасна плажа.

Таа ќе каже дека за прв пат, за потребите на снимањето носела танга костим за капење, но тоа воопшто не и пречело, туку напротив, била навистина самоуверена.

„Никогаш не сум носела танга бикини, па моето прво искуство беше како шолја еспресо бидејќи морав да се разбудам брзо. Овие бикини се навистина совршени, направија да се чувствувам многу удобно“, изјави Серена за магазинот.

Тенисерката изјави дека ѝ се допаднал буквално секој костим што го носела, а се вљубила во едноделниот син костим за капење кој дефинитивно најдобро и прилега.

„Фотографиите со синиот костим најмногу ми се допаднаа поради сината боја, поради одличната поза, поради неверојатната позадина“, додаде тенисерката.

Вилијамс е горда што оваа година е дел од бројот на магазинот што ја слави убавината на секоја жена и на сите им препорачува да се среќни со телото и облините што ги имаат.

Покрај популарната тенисерка, дел од фотосесијата се и спортистките Caroline Wozniacki, Eugenie Bouchard, Simone Biles и Aly Raisman.

Објавено:
16 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
623 пати