Северина и Александра Дојчиновиќ во романтична модна приказна!

20 јули 2015

Модната приказна помеѓу Северина и Александра Дојчиновиќ која трае веќе неколку години, конечно го доби своето продолжение во најновата Lei Lou колекција што дизајнерката ја претстави неодамна.

Како и секогаш ,прекрасната Северина блесна во одбрани креации од новата колекција на Александра, претежно сите во светли и неверојатно свежи бои.

Уште еднаш, Александра докажа зошто е една од омилените хрватски дизајнерки со неверојатната игра со неправилни кроеви и внимателниот избор на совршени бои и материјали како тантела, свила и нежен сатен.

Заедничко име на речиси сите креации од колекцијата, дефинитивно беше романтиката, по која впрочем е позната и самата дизајнерка.

Ревијата на нејзината нова, круз колекција се одржа неодамна во Загреб, а сосема очекувано, парчињата веќе ги добија сите пофалби од хрватските трендсетерки кои дефинитивно знаат што е добро!

 

 

 

Објавено:
20 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.008 пати