Северина на VIP шопинг на H&M и Балман

5 ноември 2015

Во Загреб вчера беше организиран VIP шопинг на колекцијата на Балман и H&M. Како пренесуваат хрватските медиуми, присуствувале рекорден број посетители, а меѓу нив секако и бројни познати личности.

Нема сомнение дека меѓу првите на листата е и пејачката Северина, а присуствуваа и пејачката Лана Јурчевиќ, Николина Пишек и други...

Но, ВИП шопингот на овие два бренда всушност се организираше и Белград и секако во Њујорк, како и други градови ширум светот, каде што е застапен H&M. Њујорчани чекаа со часови за да влезат во дуќанот на Петата Авенија и ексклузивно да купат некое од новите парчиња.

Инаку, колекцијата која направи вистински бум, официјално ќе биде достапна за продажба од денес, во продавниците на H&M и Балман.

Утринава не е можно да влезете на онлајн страната на H&M. Од брендот известуваат дека имаат премногу посетители поради интересот за најновата колекција и дека работат на тоа што поскоро да биде страната достапна за сите.

Оливие Рустенг го направи она што не им успеа ниту на Стела Мекартни, Виктор и Ролф, па дури ни на Кавали и Лагерфелд.

Ставовите околу уникатноста на оваа соработка и колекција се поделени, но ниту H&M ниту Рустенг премногу се вознемируваат околу тоа, особено откако ќе се добијат првите податоци за продажбата. Балманијата продолжува!

Во продолжение, погледнете како изгледаа дел од присутните на VIP шопингот во Загреб:

Објавено:
5 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.581 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr