Шанел минатата година заработиле речиси 10 милијарди долари

23 јуни 2018

За прв пат во историјата, модната куќа Шанел објави колку заработила изминатава година, на големо изненадување на сите.

Во изминатата, 2017 година, брендот заработил неверојатни 9,6 милијарди долари со што уште еднаш се потврди дека ова е дефинитивно една од најбогатите и најлуксузни модни куќи во светот.

„Ние сме компанија вредна 20 милијарди долари, имаме органски раст од 11 проценти. Немаме долгови. Имаме 1, 6 милјарди долари во кеш. Овие средства ќе ни овозможат да останеме тоа што сме – приватни и независни“, изјави шефот на финансии на компанијата, Филипе Блондо.

Да се спореди модната куќа со другите на пазарот е многу тешко бидејќи речиси никоја од нив јавно не објавува извештаи за работењето. Сепак, како што пишува Харперс Базар, постојат и други компании кои се блиски до нивната заработка.

Се претпоставува дека Луј Витон е на второто место, а за нив се верува дека изминатата година заработиле помеѓу седум и осум милијарди долари. За Гучи се проценува дека минатата година заработиле околу 5, 4 милијарди долари, а компанијата неодамна објави дека очекува наскоро двојно да се зголеми нивниот приход.

Објавено:
23 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
299 пати