Шарлот и Џорџ насмеани и во слатки униформи ја започнаа школската година

5 септември 2019

Слатката принцеза Шарлот заедно со нејзините родители Кејт и Вилијам и братот Џорџ и официјално ја започна пред – школската програма во приватното училиште Thomas’s Battersea во Лондон.

Насмеани и расположени како и секогаш, Кејт и Вилијам ги придружуваа нивните дечиња на првиот школски ден, а истиот беше особено важен затоа што и официјално е почеток на образованието за малата Шарлот.

Станува збор за пред школска програма за деца од четири до пет години која е и возраста кога официјално ќе започнат да ја посетуваат наставата за прво одделение.

Двајцата облечени во униформи од приватното училиште, држејќи се за рака со своите родители се насмевнуваа на камерите кои ги имаше во мал број за разлика од минатата година кога Џорџ заедно со неговиот татко се појави на првиот училишен ден.

Облечена во прекрасен цветен фустан со црн ремен на половината и високи потпетици Кејт изгледаше неверојатно, а изгледот беше надополнет со беспрекорно средена фризура и нежна шминка.

Кралското семејство беше пречекано од директорката на училиштето Хелен Хаслим која ги поздрави нивните дечиња прашувајќи ги дали се возбудени и посакувајќи им добредојде.

Она што е интересно е тоа што на четиригодишната принцеза Шарлот во училиштето нема да ѝ се обраќаат како принцеза, туку како Шарлот Кембриџ, а истото е случај и со нејзиниот брат Џорџ.

Таа ќе ја дели училницата со уште 20 другарчиња, а училиштето постојано се фокусира на промовирање на добрината на што ѝ најмногу ги учат.

Во познатото приватно училиште во кое досега учеле личности како Кара Делевињ и нејзините сестри Клое и Попи, како и Флоренс Велш, родителите мора да платат околу 18.915 долари годишно.

Инфо и фото: Daily Mail 

Објавено:
5 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
934 пати