Шерон Стоун (61) позираше гола за насловна на „Вог“

8 мај 2019

Освен за Мет галата, сите зборуваат и за мајското издание на „Вог Португалија", кое има две насловни страни. Шерон Стоун е на нив и позира во добро препознатливата поза од „Ниски страсти“, која ѝ донесе и Златен глобус. На втората насловна страна пак, позира речиси гола, што е еднакво на големо медиумско внимание.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Portugal (@vogueportugal) onMay 3, 2019 at 1:08pm PDT

 И во 61 година од животот, актерката покажува дека нејзината убавина и сексапил не згаснуваат.

Зад фотографиите се потпишува Бранислав Симонцик. Но, освен нив, внимание привлече и интервјуто кое Стоун го даде за магазинот.

Имено, во него таа открива како порано улогите се добивале на мошне срамотен начин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Portugal (@vogueportugal) onMay 3, 2019 at 1:05pm PDT

 Иако со години наназад важи за секс-симбол, Шерон открива дека во 90-тите, филмската индустрија и не ѝ била баш наклонета.

„Кога почнав да работам, раководителите на студијата на (и за) секоја кандидатка говореа колку е сексапилна и да „би ја... или не“. На тој начин би процениле дали има доволно добар изглед за улогата. Знаеја да седат на масата и да дискутираат за тоа. Конкретно за мене, мислеа дека немам доволно добар изглед“, вели актерката за магазинот.

За потсетување, Стоун дебитира во филмот на Вуди Ален „Сеќавањата на ѕвездената прашина“ од пред 22 години.

Во текстот се осврнува и на нееднаквоста помеѓу мажите и жените во филмската индустрија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Portugal (@vogueportugal) onMay 6, 2019 at 8:24am PDT

„Жените не се претставени онака какви што навистина се. Поголемиот дел од филмовите ги режираат мажите, па ги работат  на „машки начин“. Не размислуваат за тоа какви се всушност жените, како размислуваме и се чувствуваме. Затоа сакам да глумам зависнички, луди жени или пијаници, затоа што тоа е единствениот начин на кој можам да го толерирам нивното однесување“, објаснува.

фото извор: /www.facebook.com/sharonstoneofficial

Познато е дека Стоун има и кариера на модел. Кога има 17 години, ја освојува титулата „Мис на Пенсилвација“, а работела и како модел на Форд и живеела во Европа. Во 2001 година доживува силен мозочен удар, а и покрај лошите прогнози на докторите за минимални шанси за преживување, таа сепак успева да се врати. Но, процесот не бил ни малку едноставен до тој степен што одново морала да учи да зборува, чекори, пишува и чита.

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.381 пати