Шест фотографи работеа на новата кампања на „Барбери“

25 јануари 2019

После неговата прва колекција минатиот септември за Барбери, Рикардо Тиши ја претстави и новата кампања за пролет 2019 година.

Несомнено е дека тој претставува сосема ново видување на британскиот бренд. Со неговото доаѓање започна и новото време во „Барбери“.

„Она што ме возбудува кај овој бренд е тоа колку е инклузивен - им се допаѓа на сите, без разлика на возраста, општествената положба, полот. Па кога размислував за мојата прва кампања тука, знаев дека сакам да работам со повеќе соработници, за да ми помогнат да го пренесам она што оваа неверојатна куќа, со огромно наследство им претставува на толку различни луѓе - од милениумци до позрелите луѓе, што им претставува на Британците, но и на сите останати“, објаснува дизајнерот.

Така, за новата кампања се ангажирани шест фотографи -  Ник Најт, Данко Стајнер, Хуго Комте, Колин Догсон, Питер Лангер и Лети Шмитерлоу.

Секој од нив имал задача преку фотографија да ја пренесе својата визија за „Барбери“. Пред објективот им позираат Наталија Водјанова, Ирина Шајк, Стела Тенан и други. 

Резултатот се шест различни интерпретации, со различни енергии.

Погледнете:

Објавено:
25 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
909 пати