Шест кумови го крстија принцот Луис

10 јули 2018

Британскиот принц Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера го крстија своето трето дете, принцот Луис. 

За разлика од досегашната пракса во рамки на анлиската црква, каде на овој чин присуствуваат двајца крстени кумови, двомесечниот Луис имаше дури шест.

Сите се долгогодишни пријатели на семејството - Николас ван Кутсем (семеен пријател), Гај Пели, Хери Обреј Флечер (одел во исто училиште со Вилијам, а и денес се дружат), Лора Мејд (сопруга на најдобриот пријател на Вилијам, Џејмс, кој е инаку кум на принцезата Шарлот), Роберт Картер  (долгогодишен пријател на Вилијам од училишните денови уште и близок роднина на Кејт)и Луси Миделтон (роднина на Кејт). 

Пред палатата „Сент Џејмс“ стоеја обожаватели на кралското семејство и новинари кои чекаа да го видат принцот Луис за првпат по раѓањето. Во истата капела е крстен и принцот Џорџ, додека Шарлот е крстена во црквата „Сент Мери“, бидејќи во тоа време семејството живееше во близина, а и на истото место на 30. август 1961 година е крстена и бабата на Шарлот, принцезата Дајана чие целосно име гласи Шарлот Елизабет Дајана.

Инаку, за крштевањето на малиот принц Луис, како и за останатите кралски деца, се набавува и посебна света вода од реката Јордан. Интересен е и податокот дека на истиот датум, деветти јули во 1947 година, кралицата Елизабета ја објави свршувачката со принцот Филип. И покрај тоа што овој ден е посебен за неа, таа не присуствуваше на крштевката поради здравствени проблеми.

Но, затоа остатокот од семејството да. 

Кејт Мидлтон остана доследна на модната куќа „Александар Меквин“. Во бела комбинација, со впечатлива шапка, Војвотката од Кембриџ ја продолжи традицијата со познатиот бренд за важни пригоди. На сите крштевки до сега носеше креации од споменатата куќа, венчаницата ѝ беше со нивен потпис, а на дипломатските посети „Меквин“ е често нејзин избор.

 

Принцот Луис ја носеше истата облека како и неговите брат и сестра.

Меган Маркл го привлече вниманието во зелен фустан „Ралф Лорен“ и повторно ги освои сите симпатии.

Изборот на Пипа Мидлтон беше пастелно син фустан од „Алесандра Рич“, а како изгледаа останатите, погледнете во продолжение:

 

фото извор: popsugar.com; dailymail.com; 

Објавено:
10 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.270 пати