Шоуто на „Викторијас Сикрет“ за првпат во Париз

25 октомври 2016

Годишното шоу на брендот „Викторијас Сикрет“ годинава ќе се одржи во Париз на 30-ти ноември. Ова ќе биде првпат  Ангелите на Викторија да го презентираат ектравагантното шоу во главниот град на Франција.

Претходно, беше одржано во Кан, потоа во Лондон (2014), за лани да се вратат дома, во Њујорк.

Инаку, телевизиското емитување е закажано традиционално за 5-ти декември.

Целосната листа на модели што ќе бидат дел од годинашното издание сè уште не е соопштено. Досега е потврдено учеството на Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Алдриџ, Елса Хоск, Стела Максвел, Тејлор Хил и уште неколкумина, а се очекуваат и неколку сосема нови лица.

Сè уште се очекува и потврдата дали ќе успеат да се вратат за толку кратко време на писта едни од  најпознатите лица на брендот, Кендис Сванпул и Бехати Принслу, кои неодамна ги добија своите први бебиња.

Објавено:
25 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
262 пати