Шпански брендови кои го заслужуваат вашето внимание

29 мај 2017

„Делпозо“, „Десигуал“, „Проновиас“, „Маноло Бланик“, „Зара“, „Манго“ се само дел од модните куќи и брендови кои доаѓаат од Шпанија и одлично котираат на светската модна сцена.

Зошто овие брендови се толку популарни? Одговорот може да се најде во богатиот колорит, односно едноставноста на дизајнот, при што целната група се најчесто жени од различни возрасти.

Доказ за тоа ќе бидат и овие неколку брендови што ќе ги видите во продолжение. Кај нас сè уште не се распространети, но во секој случај го заслужуваат вашето внимание!

 

Valentina Gari

 

Shooting by @byfarshoes Dress by #valentinagari

A post shared by Valentina Garí (@valentinagari) onMay 9, 2017 at 1:00pm PDT

 

После работењето за неколку брендови, оваа Шпанка по татко и Италијанка по мајка, одлучува да отвори свој, каде ќе доминираат парчиња од свила. Таа сака парчиња што се лесни и удобни, па токму такви има и во понудата на истоимениот бренд.

 

Sunad

 

Tamani jumpsuit ✨ #sunad #rosacopado

A post shared by S U N A D (@_sunad_) onApr 16, 2017 at 1:30pm PDT

Во понудата на овој бренд, основан од две другарки, можат да се најдат најмногу широки кошули во земјени нијанси. Она што е исклучително важно е дека сите се изработени од природен материјал.

 

Bimba y Lola

 

It's my party! And I wear what I want to! New editorial #SS17 | See the full story at bimbaylola.com #linkinbio

A post shared by BIMBA Y LOLA (@bimbaylola) onMay 21, 2017 at 12:46am PDT

Во понудата доминираат модните додатоци, но можат да се најдат и интересни парчиња и тоа најчесто во свежи бои или со принт. Идеален за сите што сакаат забавна облека.

 

Masscob

Марга Масанет и Џакобо Кобеин се сопствениците на „Маскоб“. Спојот на машка и женска креативност и енергија резултира со парчиња за оние што го сакаат урбаниот и „уличен“ стил.

 

Nice Things Paloma S.

 

The Flora top and Fauna skirt. Only 2 days left until Limited Edition n°1 vanishes

A post shared by Nice Things Paloma S (@nicethingspalomas) onMay 12, 2017 at 4:02am PDT

 

Овој бренд комплетно е посветен на женските парчиња. Бохо нотата доминира, па е идеален за оние што уживаат да носат широки и едноставни парчиња.

 

Cortana

 

HOLI

A post shared by Cortana (@cortana.inside) onMay 15, 2017 at 10:17pm PDT

 

Роса Естева е името на дизајнерката што стои зад овој бренд. Креациите се женствени, и инспирирани од Медитеранот. Целта е да создаде т.н. едноставен луксуз, а тоа го постигнува со вистинските кроеви и убавините, скапи ткаенини.

„Најважната работа во облекувањето на жената е тоа кој ја носи, затоа што #WeLoveWomen“, вели сопственичката.

Објавено:
29 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
658 пати