Што бараат креациите на Антонио Берарди на ревијата на Викторија Сикрет?

19 ноември 2013

Првата креација е црниот мини фустан со волуменизиран долен дел од пролетната колекција на Берарди за 2010 година. Оваа креација ја носеше Кара Делевињ, а втората креација  хеланки со принт кои ги носеше Девон Виндсор се од пролетната колекција на Берарди за 2012 година.

Откако парчињата беа забележани од неколку блогерки, се бараше одговор од  стилистката на Викторија Сикрет  Sophia Neophitou, која е предложена за креативен директор за пролетното шоу во 2014. Сепак и покрај големата иницијатива за добивање на одговор, одговорните лица од Викторија Сикрет сеуште немаат излезено со официјално соопштение, па сеуште не се знае дали станува збор за соработка или пак целосна копија.

Објавено:
19 ноември 2013
Категорија: 
Актуел