Што и подари Ралф Лорен на Њујоршката модна недела?

24 октомври 2013

Ралф Лорен донираше 500 илјади  долари за финансирање на Модната асоцијација, која има за цел да ја зајакне текстилната индустрија во Њујорк. Основана е од страна на Советот на модни дизајнери на Америка ( CFDA ) и Андреј Росен  во соработка со одделот за економски развој на град Њујорк. Иницијативата има за цел да се соберат средства кои би им помогнале на веќе постоечките фабрики во Њујорк за нивно полесно афирмирање и ширење на поволна бизнис клима.

 

Ралф Лорен

 

„Јас сум роден во Њујорк и почнав со мојот бизнис токму во текстилната област. Модната асоцијација има важна улога во подршката на нашиот град, нашата индустрија и им овозможува на дизајнерите пристап и нови можности кои им се потребни за унапредување на нивните кариери и зголемување на производството во Њујорк. Многу сум горд што ја имам честа да бидам дел од овој проект“, изјави Лорен.

 

Портрет на дизајнерот со сопругата 1994 година

 

Во прилог на целата замисла и проектот како и за особен придонес, постариот заменик на Ралф Лорен, инаку претседател на глобалното производство, Дон Баум, ќе и се придружи на Модната асоцијација која веќе вклучува дизајнерски имиња како Прабл Гурунг и Маркус Вејнрајт од Rag & Bone и извршните директори Ендрју Росен, Боб Саваж и Стивен Колб.

 

Фамилијарна слика во Музејот на уметности во Париз 2013 година

 

„Раководството и подарокот на Ралф како и неговата посветеност на Модната асоцијација ги зајакнува нашите напори во поглед на тоа да се донесат нови иновативни идеи и нова креативна енергија во Њујоршкото производство. Искрено се надевам дека и другите ќе ни се придружат во оваа  мошне значајна иницијатива“, вели еден од извршните директори, Стивен Колб.

 

Објавено:
24 октомври 2013
Категорија: 
Актуел