Што мислите за дизајнерското деби на Ева Мендез

23 септември 2013

Во почетокот на годината Ева Мендез на јавноста и откри дека се придружува кон бројните колешки и започнува модна кариера, поточно дизајнерска. Во февруари најави дека ќе го лансира модниот бренд „Eva by Eva Mendes“, а пред неколку дена конечно се појавија и првите фотографии, како и најавното видео во кое сите обожаватели на оваа актерка можат да видат што дизајнирала за New Yourk &Company брендот.

Инспирацијата ја нашла во ретро периодот кој го обожува, па така колекцијата за есен 2013 се состои од романтични фустани со А крој, елегантни кошули, интересен принт, капути во пастелни нијанси и неколку класични панталони. За една блуза од оваа колекција треба да издвоите околу 30 делари, за фустан околу 70, а за некој од капутите 159.95 долари, што е воедно и најскапото парче во колекцијата.

Во галеријата продолжете некои од најинтересните парчиња од колекцијата која Ева ја дизајнираше за New York & Company, како и промо видеото.

Објавено:
23 септември 2013
Категорија: 
Актуел