Што носеше Ана Винтур на Тони наградите?

13 јуни 2017

Викендов во Њујорк се одржаа престижните театарски награди Тони, познати и како „театарски Оскари".

Меѓу елитните гости на црвениот килим се појави и една од највлијателните личности во модната индустрија, уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур.

Тоа што на црвениот килим таа носеше масивни црни очила за сонце, воопшто не е за изненадување бидејќи се работи за вообичаен сегмент во нејзиниот имиџ.

Она што нас ни го привлече вниманието е тоалетата со потпис на Мезон Марџела, каде како дизајнер што ги изработува плетивата е и македонскиот креатор Ристо Бимбилоски. А фустанот што го носеше Винтур, како исклучително значаен сегмент во дизајнот има имплементирано плетиво со препознатливи мотиви, што наведува на заклучокот дека влијателната уредничка одбрала креација во чија изработка е вклучена и креативата на македонскиот дизајнер.

Фотографии: justjared.com

Објавено:
13 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
386 пати