Син или златен, фустанот собира пари

6 март 2015

The-dress-261623

После големата врева околу тоа која е вистинската боја на фустанот – златно-бела или сино-црна, одредени компании го искористија овој маркетинг за добротворни цели.

Така, Salvation Army, добротворна организација во Јужоафриканската република ја искористи златно-белата верзија на фустанот за кампања против насилство врз жената. „Толку ли е тешко да се забележи синото и црното?“, гласи прашањето во кампањата, кое оди заедно со податокот дека една од шест жени е жртва на насилство во рамки на семејството.

Untitled

Од друга хуманитарна организација пак Comic Relief, добија златно-бела верзија на фустанот изработена од Roman Originals го ставиле на аукција, а потоа тие средства ги распределуваат за различни потреби.

 

Comic Relief Comic Relief

Објавено:
6 март 2015
Категорија: 
Актуел