Сингапурски модел им пркоси на годините

25 јули 2017

Чуандо Тан е името на згодниот модел од Сингапур, за кој деновиве светските медиуми не престануваат да зборуваат.

Освен што изгледа беспрекорно, она што сите ги фасцинира е тоа што е веќе навлезен во шестата деценија, а веројатно не би му дале повеќе од 35-години.

Тој годинава наполни 50 години, но ако го погледнете неговиот Инстаграм профил ќе видите дека тој совршено му се спротиставува на забот на времето.

 

A post shared by Chuando Tan (@chuando_tan) onJul 24, 2017 at 10:06pm PDT

 

Инаку, освен со моделинг, сега се занимава и со фотографија, а за неговиот еликсир на младоста ќе каже дека е многу едноставен.

-Вежбам секојдневно, а избегнувам да се туширам доцна навечер или рано наутро. Знам дека сите така прават, но јас не. Тоа се единствените мои тајни за тоа како ги одржувам младоликоста на телото и лицето. А да, сакам многу да јадам и зачинето пилешко – вели моделот познат како Си-Ди.

 

A post shared by Chuando Tan (@chuando_tan) onJul 24, 2017 at 9:07pm PDT

 

Иако за него едноставно, оваа рутина за други може да биде незамислива. Сепак, гените си го направиле своето. Покрај беспрекорното тело, што може да се постигне со вежби и убавата кожа, тој може да се пофали и со густа црна коса, а во согласност со изгледот и стилот што го практикува е како за маж неколку децении помлад.

Веруваме дека многу жени би сакале да го гледаат уште долго пред камерите, но тој всушност сè повеќе е зад нив. Бизнисот што го започна со фотографија, вели оди одлично.

 

A post shared by Chuando Tan (@chuando_tan) onJul 24, 2017 at 9:58pm PDT

Освен модели, меѓу кои и славниот Дејвид Ганди, фотгорафира и познати личности од Азија, а може да се пофали дека пред неговиот апарат позирала и Џенет Џексон и тоа за насловната фотографија на албумот Discipline од 2008 година.

 

 

Тан освен што успеа да покаже дека со нега и труд (и несомнено генетика) можете да постигнете чуда за својот изглед, до некаде ги разбива и предрасудите за тоа како Азијатите изгледаат – а тоа е најчесто исти! 

 

 

A post shared by Chuando Tan (@chuando_tan) onJul 24, 2017 at 9:22pm PDT

 

 

A post shared by Chuando Tan (@chuando_tan) onJul 24, 2017 at 10:52pm PDT

 

 

A post shared by Chuando Tan (@chuando_tan) onJul 24, 2017 at 8:29pm PDT

 

 

A post shared by Chuando Tan (@chuando_tan) onJul 25, 2017 at 1:07am PDT

 

 

A post shared by Chuando Tan (@chuando_tan) onJul 24, 2017 at 9:04pm PDT

 

 

A post shared by Chuando Tan (@chuando_tan) onJul 24, 2017 at 8:32pm PDT

 

 

 

 

 

 

Објавено:
25 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.252 пати
Извор: 
DailyMail