Sisley со нова кампања се обидува да направи камбек на модната сцена

23 јули 2014

Бенетон минатата година лансираше нов бренд под раководство на креативниот директор Пјер Даволи, кој има работено за Келвин Клајн. Претходно брендот ги имаше ангажирано Џорџија Меј Џегер и Јулија Ројтфилд, а овој пат за маркетиншка кампања, Sisley ги ангажираше Ајрланд Болдвин и Гиги Хадид (миленичката на Том Форд) за есенско – зимската кампања за 2014/15 година.

Кампањата прикажува две пријателки кои на патување сретнуваат модерен каубоец, односно канадскиот модел Симон Несман. „Моделите не ги избирам само на основа на добриот изглед. Важен ми е и нивниот карактер. Тие мора да одговараат на вредностите на Sisley, чија цел се сензуални, модерни, самоуверени и неконвенционални жени“ – изјави Даволи за британскиот Вог.

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Актуел