Сите гледаа во Пенелопе Круз на „Цезар“ наградите во Париз

3 март 2018

Во Париз вчера се одржаа филмските „Цезар“ награди, што воедно се сметаат за најважен настан од таков тип во Франција, па оттаму се наречени и „француските Оскари“.

Тоа беше повод да се видат бројни ѕвезди од тамошната сцена на едно место, но некои и од холивудски познатите имиња.

Меѓу нив беше и актерката со шпанско потекло, Пенелопе Круз (43), која доби почесен „Цезар“ , награда која претходно им била доделена на Џорџ Клуни, Мајкл Даглас, Мерил Стрип, Шон Пен...

Таа на настанот се појави во раскошна креација на „Версаче“ во кралско виолетова боја, кој го усогласи со црна клач чанта и црни обувки. Внимание привлече и скапоцениот накит што го носеше на себе.

Инаку, таа на настанот се појави во друштво на сопругот Хавиер Бардем. При преземањето на наградата не можеше да ги сокрие емоциите, посочувајќи дека Франција отсекогаш била многу посебна за неа.

Наградата  ѝ ја врачи Марион Котијар, која како овој пат да потфрли со изборот на облека. Таа важи за една од најдобро облечените Французинки, но за оваа пригода одбра сребрена асиметрична креација, со животински принт и огромен “шлеп“ од брендот „Халперн“, што и не беше баш најсовршениот избор.

Покрај Пенелопе, на настанот присуствуваа и Жулие Бинош (во Балман), Ванеса Паради (Шанел), Исабел Ипер (во Диор) и други, а како изгледаа, погледнете во продолжение.

Комплетната листа на наградени пак, можете да ја погледнете ТУКА.

Dora Tillier (Dior) - Nicolas Bedos

Raphael et Mélanie Thierry

Charlotte Casiraghi (Anthony Vaccarello) - Dimitri Rassam

Iris Bry

Camélia Jordana

Marina Fois (Louis Vuitton)

Olga Kurylenko (Dior)

Sara Giraudeau (Laure de Sagazan)

Leila Slimani (Dior)

Pierre Richard - Sophie Marceau (Azzaro)

Géraldine Nakache

Elsa Zylberstein

Adèle Haenel

 

Објавено:
3 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.233 пати