Конечно заврши 16 - дневната австралиска турнеја на Принцот Хари и Војвотката Меган Маркл, а она што остана во центарот на вниманието се дефинитивно комбинациите што таа ги носеше на бројните настани.

Во текот на турнејата, таа направи повеќе од 40 комбинации, а се чини дека дефинитивно нејзина омилена боја е темно сината, па така во истата можевме да ја видиме во повеќе наврати.

Експертите велат дека со тоа што таа постојано ја одбира оваа боја, бидејќи сака на сите да им покаже колку е професионална, но сепак, многу пристапна и блиска до народот.

Дел од нејзините секојдневни комбинации беа парчиња од познати светски дизајнери, но и high street брендови кои добија на популарност веднаш откако таа ќе се појавеше во нешто нивно.

И овојпат, таа докажа дека нејзина најголема љубов е Живанши, но носеше и парчиња од Оскар де ла Рента, Стела Мекартни, Брендон Максвел, познати, но и локални австралиски дизајнери со што повторно ги освои сите во модните кругови.

Она што сите го коментираат откако заврши нивната турнеја, е сумата која Меган ја потрошила за сите тие дизајнерски парчиња која изнесува неверојатни 118.000 долари, според пишувањата на Daily Mail.

Во неколку наврати, таа носеше и дел од кралскиот накит, но и дијамантски обетки, алки и ланчиња кои медиумот ги проценува на неверојатни 58.951 долари.

Подеднакво шик како и облеката, беа и чевлите на војвотката од претежно познати брендови, за кои Daily Mail пишува дека чинеле некаде околу 6.415 долари.

Погоре во галеријата можете да ги погледнете сите нејзини комбинации од турнејата во Австралија додека сме во исчекување на нови.

Инфо и фото: Daily Mail, Harper's Bazaar, Getty Images, Elle Australia

Објавено:
2 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.503 пати