Кендал Џенер за прв пат се појави на пистата на Викторија Сикрет во 2015 – тата година по што доби лавина позитивни и негативни коментари, но се чини тоа не ја спречи да зачекори и следните години.

Оваа година сите очи беа вперени токму кон неа додека таа флертуваше со публиката облечена во впечатливата долна облека која брендот ја презентираше на традиционалното шоу кое официјално ќе се емитува пред Нова година.

Подеднакво впечатливи беа и сестрите Џиџи и Бела Хадид чии родители и момчиња ги бодреа од публиката која како и секоја година, беше преполна со познати ѕвезди кои едвај го чекаат шоуто.

Џиџи Хадид овојпат носеше колоритна комбинација, а неверојатно впечатливи беа и нејзините крила, односно цветниот материјал кој наликуваше на паун.

Трите другарки и едни од најпопуларните модели на денешницата беа придружувани од прекрасната Вини Харлоу која во моментов е една од најбараните манекенки благодарение на нејзината убавина и харизматичност.

Таа е запишана во историјата како првиот модел со витилиго кој чекорел на шоуто на Викторија Сикрет пограциозно од било кој друг.

Покрај младите и популарни манекенки, на пистата историја напиша и ветеранот Адриана Лима која чекореше на нејзиното 19 – то и последно шоу, откако најави дека повеќе нема да се појавува на пистата.

Таа е една од најпознатите модели на брендот уште од 1999 – тата година кога и впрочем за прв пат се појави на нивна ревија, а вчеравечер доби неверојатна поддршка од публиката која ѝ порача дека ќе и недостува на следните шоуа, а таа со солзи се збогува од присутните.

По породилното отсуство на пистата оваа година се вратија и прекрасните Бехати Принсло и Кандис Сванпул, кои изгледаа подобро од кога и да е, иако неодамна родија.

Оваа година, честа да го носи фантастичниот скапоцен градник и припадна на шведската манекенка Елса Хоск, а истиот беше проценет на еден милион долари и покриен со 2.100 Сваровски кристали.

Што се однесува до музичките имиња, годинава на шоуто настапија Рита Ора, Шон Мендес, Бебе Рекса која беше облечена во креација од хрватскиот дизајнер Јурај Зигман, Халси, Келси Балерини и други.

Во галеријата погледнете ги прекрасните девојки на пистата додека сме во очекување да се емитува шоуто на телевизија. 

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
9 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.716 пати